
Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека планира да земе одмор, иднитично како Јурген Клоп, откако ќе му заврши авантурата на „Итихат“.
-Луѓето може да ме паметат како што сакаат, но во една работа сиум сигурен, штом ми истече договорот со Сити – престанувам… Не можам да кажам сигурно дали ќе се пензионирам, но гарантирам дека ќе земам пауза. Чувствувам дека ми треба одморам и морам да си го слушам телото. Луѓето сакаат да останеме тренери засекогаш, да уживаат во нашата работа, но треба малку да се посветиме на самите себе. Кога ќе умреме, нашите семејства ќе плачат два-три дена, а потоа ќе бидеме заборавени. Затоа и велам, не е важно како ќе ме паметат луѓето, важно е што јас знам дека секогаш сум давал се од себе за клубовите за кои сум работел“, истакна Гвардиола.