ФОТО: ГРК Охрид

Ракометарите на ГРК Охрид ќе играат за пехарот во Европскиот Куп, откако во полуфиналето на ова натпреварување го елиминираа словенечкиот Целје, по изведување н седмерци 4:3, додека во регуларниот дел мечот заврши со гол преднос за македонскиот суперлигаш (25:24). Со иста рзлика победи и Целје на првиот натпревар, на домашен терен, па затоа се мораше да се решава со изведување на удари од седум метри. Во финалето охриѓани ќе ги одмерат силите со унгарски Татабања, тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Во пенал-серијата со гол отвори Јасухира, па Пилиповиќ одбрани. За Охрид реализира и Ојлески, а за Целје стрела Миличевиќ за 2:1. Сигурни во третата серија беа Ќосевски и Периќ, па Иванковиќ катастрофално го промаши цел гол и израмнување донесе Ракита. Последниот пенал за Охрид го погоди Ѓукиќ, па Макуц го префрли голот за огромно славје на охриѓани.

По победата над словенечкиот тим, свое видување на целиот натпревар даде и српскиот стратег на клупата на Охрид, Борис Ројевиќ.

Кога ќе се анализира натпреварот играме 60 минути со два бека, плус Иванковиќ кој не е во форма, иако не носеше цела сезона. Знаете колку е тешко два средни бека да носат тим против ваков ривал кој не запира 60 минути, со многу поширока ротација од нас. Мислам дека со седум на шест неколку пати се враќавме во игра, публиката не влечеше и сметам дека заслужено сме во финалето. Одигравме два неверојатни натпревари, пресреќни сме и ние и цел Охрид.

Да ги имавме на располагање левите бекови, Петриќ и Борозан кои се повредени, мислам дека наназад ќе беше многу полесно и подобро. Во оваа ротација, неверојатно е да се извлече вака натпревар. Многу е тешко, ама туркаме до крај и дадовме срце и душа за овој клуб, кажа Ројевиќ.

Најефикасен играч во тимот на Охрид беше Косуке Јасухира со девет гола, а Тилен Стрмљан постигна седум. Херој на натпреваро, сепак беше и голманот Пилиповиќ кој имаше 12 одбрани.

ИЗДВОЕНИ