вторник, август 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Градскиот стадион во Прилеп подготвен за натпревари

Градскиот стадион во Прилеп подготвен за натпревари

1

Јавните комунални претпријатија „Комуналец“ и „Водовод и канализација“ од Прилеп, во соработка со Општина Прилеп, целосно го рехабилитираа Градскиот стадион.

По неговото напуштање и опустошувањето на зелените површини и на инфраструктурата, на одредени места е поставена нова бас трева, тревната површина е целосно третирана со потребните препарати, поставен е и систем за наводнување, а спроведени се и активности за правилно косење и одржување на теренот.

Фудбалскиот стадион сега е во одлична состојба, зелен, чист и убав и подготвен за спортски натпревари.

Надлежните наведуваат дека рехабилитацијата на тревната површина на спортските терени е макотрпна, стручна работа и трае подолго време како во случајов, кога како што велат, „Комуналец”, наместо преработка и пресејување, успеал да го оспособи Градскиот стадион.

Градскиот стадион денес повторно изгледа зелено, чисто и уредно, со создадени услови за одржување на фудбалски натпревари и други спортски активности.

 

ИЗДВОЕНИ