понеделник, јуни 29, 2026
Дома СКОПСКА Град Скопје ќе го уреди просторот околу МАНУ 

Град Скопје ќе го уреди просторот околу МАНУ 

11

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Град Скопје ќе даде поддршка за уредување на просторот околу седиштето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Тој на Фејсбук објави дека заедно со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, направиле обиколка на просторот.

-Како Град Скопје, ќе дадеме поддршка во уредувањето на просторот, со цел овој дел да добие достоинствен, убав и репрезентативен изглед каков што ѝ прилега на институција од вакво национално значење – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додаде дека институциите што го чуваат знаењето, идентитетот и културната меморија на државата, заслужуваат почит, грижа и вистинско внимание.

 

ИЗДВОЕНИ