четврток, јуни 25, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорѓиевски: ЈСП и Градот очекуваат понуда, цена и временски рок за поправка...

Ѓорѓиевски: ЈСП и Градот очекуваат понуда, цена и временски рок за поправка на Жичницата на Водно – останува затворена додека не се обезбедат услови за безбедно користење

805

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат добиени понудата, цената и временскиот рок за колку би се сработило јавноста ќе биде информирана.

Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски изјави дека безбедноста на граѓаните е приоритет и дека жичницата нема да биде пуштена во употреба додека целосно не се отстранат сите недостатоци.

Тој посочи дека инспекцијата на компанијата која ја изградила жичницата за првпат била извршена по нејзиното поставување и дека биле утврдени бројни проблеми кои бараат сериозен сервис.

Жичницата ќе остане затворена сè додека не се обезбедат услови за безбедно користење од страна на граѓаните.

Градоначалникот се осврна и на проектот за жичница до Детската клиника, посочувајќи дека се водат разговори со Министерството за транспорт и Владата за обезбедување средства за втората фаза од изградбата, на потегот од Козле до Средно Водно.

 

ИЗДВОЕНИ