среда, септември 16, 2026
Дома СКОПСКА Голема прослава на плоштадот во Автокоманда

Голема прослава на плоштадот во Автокоманда

47

Општина Гази Баба ги кани граѓаните на голема забава по повод 50 години од нејзиното постоење.

Забавата ќе се одржи в петок, на плоштадот „Автокоманда“, со почеток во 20:00 часот.

Од Општината велат дека присутните ги очекува музичка вечер со одлична атмосфера и настапи на познати музички имиња: Огнен Здравковски, Мелани Тарчуловска, „2 Бона“, Каролина Гочева и Пеџа Јовановиќ.

– Пет децении историја, раст, развој и заеднички спомени заслужуваат голема прослава .Половина век Гази Баба – половина век приказни, луѓе, маала и спомени. Да се собереме заедно, да пееме, да се дружиме и достојно да го одбележиме големиот јубилеј на нашата општина – повикуваат општинските власти.

 

ИЗДВОЕНИ