Прометот од продажбата на услуги во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 1 процент во споредба со тој период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем раст е забележан во секторот транспорт и складирање, каде што е зголемен прометот за 4 проценти.
Од друга страна, најголемо намалување има кај други услужни дејности, со пад на прометот од 3 проценти.












