недела, ноември 1, 2026
Дома СКОПСКА Северната обиколница во фокусот на разговорите

Северната обиколница во фокусот на разговорите

1

Во посета на Општина Гази Баба беше висока делегација на инвеститори од Обединетите Арапски Емирати, со која беше остварена значајна средба насочена кон продлабочување на економската соработка и кон отворање нови перспективи за развој на Општината.

Делегацијата ја сочинуваа: Н.Е. д-р Хамад ал Памси, претседател на „Емирејтс инвестмент груп“; Елијас Згеиб, главен извршен директор на „Емирејтс инвестмент груп“ и Антон ел Зогби, потпретседател на „Ал Бата груп“. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати, Абдулкадар Мемеди.

– Особено значаен резултат од средбата е склучувањето меморандум за соработка, со кој поставуваме основа за понатамошно поврзување, развивање партнерства и конкретни активности во насока на привлекување инвестиции – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека во фокусот на разговорите биле економските потенцијали и развојните можности на Општина Гази Баба, со акцент на промоцијата на индустриската зона Северна обиколница, како простор со значителен потенцијал за нови инвестиции, отворање работни места и поттикнување на стопанскиот развој.

– Оваа средба е важен чекор кон создавање нови меѓународни партнерства и афирмација на Гази Баба како општина со отворени можности за инвестирање, развој и напредок. Соработката продолжува. Во периодот што следува ќе работиме на конкретизирање на договорените активности и на претворање на можностите во реални инвестиции и проекти.

ИЗДВОЕНИ