петок, јули 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Голем пожар избувна во Радовиш – гореа погони и машини во поранешната...

Голем пожар избувна во Радовиш – гореа погони и машини во поранешната фабрика „Декортекс“ – пожарот е ставен под контрола, следува истрага

194
Фото:принтскрин, Радовиш њуз

Голем пожар избувна вчера вечерта во Радовиш во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“. Според информациите од терен горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне.

Од противпожарната единица во Радовиш известија дека горел магацин во просториите на поранешената фабрика „Декортекс“, во кои имало запаливи материјали.

„За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен. Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари,а на помош пристигнаа и екипи од Т.П.П.Е Струмица и Д.П.Д.Мантово“, соопштија од противпожарната во Радовиш.

Последните информации се дека пожарот е локализиран. Неколку пожарникари вдишале поголема количина на чад и имале полесни изгореници.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а надлежните најавија дополнителна истрага за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

ИЗДВОЕНИ