Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици.
Во околината на Штип, над антените кај Ново Село, денеска избувна пожар на отворен простор, при што огнот зафатил ридско подрачје во близина на градот.
Според првичните информации, гори сува трева и ниска вегетација, а на терен интервенираат противпожарни екипи кои работат на негово локализирање и спречување на понатамошно ширење.
Силниот ветер дополнително ја отежнува интервенцијата на екипите на Територијалната противпожарна единица Штип и придонесува за побрзо ширење на пламените јазици низ теренот.
Пожарникарите во моментов работат на локализирање на пожарот, спречување на неговото понатамошно ширење и заштита на објектите во близина кои би можеле да бидат загрозени.
Надлежните служби апелираат до граѓаните на претпазливост, особено во услови на високи температури и засилен ветер.
Засега нема информации за повредени, а причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати.