четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против...

Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против „Хезболах“ и Иран

8
Фото: EPA/RONEN ZVULUN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ги повика Либанците да „се придружат на Израел во мир“ и покрај „болните цели“ на Иран и Хезболах, наведувајќи дека Хезболах и Иран се единствените пречки за добри односи.

„Имам порака за вас, народот на Либан. Израел не е во војна со вас. Ние сме во војна со Хезболах, кој ја зеде вашата земја како заложник, кој ги исполнува иранските барања, кој ја користи вашата територија за да изврши терористички напади врз Израел“, рече Нетанјаху во видео порака на англиски јазик до либанскиот народ.

Нетанјаху рече дека Хезболах е послаб од кога било, а Израел е посилен од кога било, додавајќи дека израелската војска (ИДФ) елиминирала речиси 10.000 членови на Хезболах и дека „продолжува систематски да го чисти Јужен Либан од овие фанатици“, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Сакаме мир со вас, со Либан. Мир во кој нашите два народа можат заедно да инвестираат, заедно да градат, заедно да напредуваат. Единствената пречка за оваа прекрасна визија е Хезболах. Тие ќе ве жртвуваат за да ги постигнат своите болни цели“, рече Нетанјаху, пренесува „Танјуг“.

Пред Нетанјаху, израелскиот претседател Исак Херцог испрати порака на арапски јазик до либанскиот претседател Џозеф Аун, во која му кажува на својот колега дека се надева на мир.

Херцог рече дека таков исход зависи од тоа дали официјален Бејрут ќе го ограничи влијанието на Иран и проиранската милитантна група Хезболах.

Иран продолжува да инсистира прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан да биде дел од кој било договор за прекин на огнот со САД, додека либанските вооружени сили се чини дека не се во можност да го држат Хезболах под контрола.

ИЗДВОЕНИ