Една од најголемите летни концертни сезони во историјата на Македонија, која започнува со концертите на Блек Кофи и Дјуран Дјуран, ќе биде заокружена со концерт на моментално најголемата и најатрактивна нова македонска музичка ѕвезда, Јанг Дади, со негов голем концерт на 12 септември во СЦ Јане Сандански!
Публиката ќе има можност да проследи целосно ново концертно доживување:
Јанг Дади ќе настапи во живо придружуван од бенд, на продукциски и визуелно збогатен мултимедијален спектакл кој ќе ги спои сите негови најголеми хитови, специјални гости и нова креативна визија.
Сепак, најдоброто од Јанг Дади допрва доаѓа. Нови песни, нови проекти и уште поголеми предизвици се на хоризонтот.
Специјално за оваа пригода, на сцената ќе му се придружат и гости кои биле дел од неговото музичко патување уште од самите почетоци, пријатели и соработници од целиот регион кои низ годините оставиле свој печат во неговата кариера.
Со својата автентичност, препознатлив стил и серија хитови, Јанг Дади успеа да стане миленик кај публиката од сите возрасти, од најмладите, па сѐ до оние кои внимателно ја следат домашната музичка сцена со години.
Неговиот мегахит „Лидија“, кој веќе брои милионски прегледи, се претвори во вистински музички и културен феномен, потврдувајќи го статусот на Јанг Дади како еден од највлијателните и најслушани нови македонски артисти во моментов. Фото: Јутјуб












