Кошаркарите на Тенерифе направија големо изненадување на почетокот од четвртфиналето на Ендеса лигата, откако го победија Реал среде Мадрид со 98:97 и поведоа со 1-0 во серијата.
Најефикасен играч на Реал беше Треј Лајлс со 15 поени, додека Андрес Фелис додаде 14. Тео Маледон го заврши натпреварот со 13, а Хезоња со 12 поени.
За Тенерифе, Фернандес постигна 17 поени со четири тројки, додека Ван Бек имаше ист резултат.
Тенерифе, на тој начин, постигна огромен пробив и сега ќе има можност пред своите навивачи да избори пласман во полуфиналето на шпанското првенство.











