Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сензационално е елиминиран во првото коло на Мастерсот во Синсинати. Србинот загуби од Аргентинецот Тиаго Августин Тиранте со 2:6, 6:4, 6:4.
Ова е еден од најшокантните порази во кариерата на српскиот ас, со оглед на тоа што Тиранте во моментов се наоѓа на 50.место на АТП листата. Покрај тоа, ова е првпат по 2007 година Ѓоковиќ да загуби во воведното коло во Синсинати.
Со овој пораз, Ѓоковиќ го завршува својот настап во Синсинати и ќе има само две недели за целосно физички да закрепне и да се подготви за последниот гренд – слем турнир во сезоната САД Опен, кој започнува на 30 август.












