Џенсен Хуанг нема да се врати на чело на „Енвидија“: По скандалот со наводниот кинески шпион, одлука што менува сè
Иако по оставката на Џенсен Хуанг имаше барања тој да се врати на својата позиција, претседателот на компанијата сега јасно стави до знаење дека Управниот одбор не планира таков потег.
Претседателот на американската мултинационална технолошка компанија „Енвидија“ (Nvidia), Харви Џонс, изјави дека Управниот одбор нема намера да го врати Џенсен Хуанг на позицијата главен извршен директор.
Хуанг доброволно поднесе оставка минатата недела, откако беше откриено дека неговото лично однесување не било во согласност со кодексот на однесување, стандардите и културните норми на компанијата.
Оваа одлука уследи по обвинувањата за негови наводни вонбрачни афери, вклучително и врска со жена за која постои сомневање дека е кинески шпион.
И покрај неговото заминување, се појавија барања тој да се врати на чело на технолошкиот гигант. Сепак, Џонс сега изјави дека Управниот одбор не размислува за таква можност.
Претходно, тој се согласи да сведочи пред неколку комисии на Претставничкиот дом на САД во врска со тоа дали продажбата на компјутерски чипови на Кина можела да ја загрози националната безбедност на Соединетите Држави.












