Ракометарите на Пелистер, на домашен терен ја запиша првата победа сезонава во Европска лига и тоа против германскиот Гумерсбах со 29:28.
Гостите беа подори во првите 30 минуити, а во последните моменти од полувремето, македонскиот вицешампион дополнително попушти, па на одмор Гумерсбах водеше со пет разлика (9:14). Но, ако Гумерсбах имаше одличен финиш на првото полувреме, почетокот на второто му припадна на македонскиот претставник кој дојде до израмнување на 16:16. Од тој момент се водеше изедначена битка на теренот, Пелистер во ниту еден момент не успеваше да поведе, но не дозволуваше и противникот да направи поголема разлика од еден гол.
На три до крајот на семафорот стоеше 27:27, по што слесеше шоу на голманот Никола Митревски, потоа македонскиот претставник доби седмерец и со голот на Серафимов конечно првпат поведе. Во овој момент Пелистер и го одлучи натпреварот, бидејќи во следниот напад за првпат во мечот на нешто повеќе од минута до крајот Нтанзи погоди за два разлика.
Најефикасен кај Пелситер беше Кузмановски со седум гола од девет ободи, Нтанзи не погриши и постигна пет гола од пет удар, а по четири гола постигнаа Ристевски, Серафимов и Граховац. Митревски беше фантастичен на голот и средбата ја заврши со 15 интервенции.
Со овој триумф Пелистер ги задржа шансите за место во следната фаза во од европското натпреварување.












