Двократниот шампион на Ролан Гарос нема да ја брани титулата во Париз Шпанецот Карлос Алкараз, објави дека се повлекува од турнирот поради повреда, што би можело да значи и дека Новак Ѓоковиќ има голема можнос да ја освои 25-тата титула на грен слем турнирите. Познато е дека Јаник Синер не ја сака земјената подлога и дека другите тенисери се сè уште едно ниво под најдобриот на сите времиња.
Мал проблем е што Новак Ѓоковиќ зад себе има голем број турнири што ги пропушти поради повреда, па затоа неговиот настап во наредните недели е исто така под знак прашалник, но… Ако српскиот тенисер е подготвен да настапи во Рим и Париз, постои голема шанса да го видиме во финалето на вториот гренд слем оваа сезона.
Исто како што беше во Мелбурн, каде што најголемиот тенисер на сите времиња го нокаутира Јаник Синер во полуфиналето, а потоа загуби од Карлос Алкараз во финалето, Ѓоковиќ би можел дури и да се бори за титулата во Париз. Засега, повлекувањето на шпанскиот тенисер, неговиот пласман на АТП листата и можноста дополнително да ја подобри својата позиција пред Ролан Гарос, едноставно се е во негови раце.
Новак Ѓоковиќ губи 10 поени поради неговиот настап во Мадрид минатата година, потоа 250 поени поради титулата во Женева бидејќи е јасно дека нема да игра оваа година, а потоа… Минатата година, Новак Ѓоковиќ одлучи да го прескокне Рим за да се подготви за Париз, што можеби сега не е случај. На најголемиот на сите времиња му се потребни натпревари за да се подготви за најбавната подлога и би можел да ги бара во италијанската престолнина, а воедно и да го одбрани своето место меѓу првите четири носители во Париз.
„Тренирам за да бидам подготвен да играм во Рим. Не можам ништо да предвидам, сè зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со мојата повреда, но ќе бидам подготвен за Ролан Гарос“, рече Ѓоковиќ пред неколку дена, најавувајќи го своето враќање на турнирите, по месец и пол, бидејќи последен пат играше во Индијан Велс.
Добар резултат на турнирот во Рим би можел да го „турне“ Новак Ѓоковиќ на третото место на АТП листата, односно позицијата втор носител во Париз. Александар Зверев (5.255) моментално е таму, а Новак Ѓоковиќ (4.710) може да го достигне ако направи импресивен резултат. Пред Ролан Гарос, Зверев треба да брани бодови и во Рим и во Хамбург, што е дополнителен проблем за него во оваа ситуација. Впрочем, Новак Ѓоковиќ не треба да бега од дуелот против Саша Зверев.












