Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ од Скопје на 23. ноември (19.30 часот) во Националната опера и балет ќе одржи годишен концерт со кој одбележува и 77 години постоење.

„На концертот ќе учествуваат сите членови на АКУД ‘Мирче Ацев’, од најмладите до ветерани, хорот, играорците и оркестарот. Во рамките на програмата ќе се игра „Женско чанче“,„Жетварка“ (сплет игри), „Лазаренки“, Македонско девојче“, „Чупурлика“ и „Вувчанско“, а ќе биде изведен и сплет од игри „Долна Преспа“, „Пирин“ и „Врање“.

Програмата ќе биде интересна за сите генерации и вкусови“, вели Благоја Јованоски, уметнички директор на АКУД „Мирче Ацев“.

Организаторите посочуваат дека подготвуваат вечер полна со незаборавни изведби.

„Со самото формирање на првите факултети во Република Македонија, веднаш по ослободувањето, а со тоа и со почетоците на нивниот развој и општествен подем, на површина се појавува и потребата на студентите за поорганизиран културно-забавен живот. Олицетворение на таков носител во областа на уметноста и културата, уште во самиот зародиш на универзитетскиот живот, станува АКУД „Мирче Ацев“, велат организаторите.

 

ИЗДВОЕНИ