„Понатаму, сонот…“ е, новата уметничка интервенција во Општина Карпош, која четири објекти на паркингот кај ФИНКИ и Машинскиот факултет ги претвора во едно големо уметничко платно. Проектот е четврто поглавје од платформата „Еволуција на сонот“, иницирана и развивана од Весела Моловска – дипломиран менаџер во култура, куратор и автор на мултидисциплинарни културни проекти. Главната уметничка реализација ѝ е доверена на македонската уметница Калина Брајковска, која создава авторски концепт развиен специјално за оваа локација, во дијалог со архитектурата, урбаното опкружување и луѓето што секојдневно го користат просторот.

Четирите објекти не се третирани како одделни површини, туку како делови од една поголема композиција, чија целина се открива од различни точки на околниот јавен простор. Особена вредност на проектот е и активното вклучување на заедницата. Калина Брајковска ги прифаќа и ги вградува идеите и учеството на луѓето во сопствениот уметнички израз, создавајќи дело што произлегува од непосредната комуникација со средината. Еден од ѕидовите, е замислен и реализиран како колективно дело, создадено врз основа на идеите на најмладите и студентите кои секојдневно ги користат овие простории.

ИЗДВОЕНИ