Најголемиот и највлијателниот музички фестивал, а кој не со онаа сладуњава шлагерска музика, ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола. Ќе биде то С.О.С. фестивал 2026. Замислен е како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти.
Воедно тоа е и своевиден “повик“ за музичка борба против турбофолк, шундот и кичот, велат од организацијата и од таборот на изведувачите Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, но се врвни македонски музички ѕвезди кои припаѓаат на самиот крем на домашната сцена.
Па, така, таа вечер на отворената сцена под ѕвездите на летното небо ќе блескаат предводниците на новата урбана генерација – 2БОНА, кои со години го држат врвот на македонската трап сцена. Покрај нив познатиот хип-хоп артист, рапер и продуцент Тони Зен, придружуван од својот бенд во живо ќе ги изведе своите најголеми хитови од неговата „стиховна агенда“ која урбаниот скопски рапер ќе ја донесе во свој стил на сцената на Ракометното во Битола.
За крај тука е и настапот на пејачот со кадифен глас, Влатко Лозаноски – Лозано, кој со својата емоција преточена во неговите хитови ќе и ја разгали душата на публиката на 8-ми август во Битола.
С.О.С. фестивал е во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“ , а е проект во рамките на Бит Фест 2026 поддржан од Општина Битола и Министерството за култура на Македонија. Влезниците за С.О.С. фестивал се во продажба по промотивна цена од 790 денари. Со тоа Фреш Унион Филм воедно ќе го слави својот роденден. (Д.М.)












