Идејата за песната се родила на неговата свадба, во момент кога Стефан размислувал за значењето на кумството и за тоа колку далечината понекогаш може да ги одвои луѓето од најважните животни настани!

 

Браќата Мартин и Стефан, попознати како дуото “Некст-тајм“, и во овие жешки денови не мируваат. Имаат нова песна “Славам“. Тоа е впрочем нивниот соодветен одговор на бројните порабувања од страната на публиката кои им порачуваа: „Направете нешто свое!“ . Со оглед на тоа дека браќата дого време имаа преработки на стари македонски народни песни. “Некст тајм“ сега возвраќаат токму со својата песна, која  што освојува на прво слушање:  „Еј, другари, браќа, дигнете чаша за спомените…“ – стихови што ја откриваат главната порака на новата песна „Славам“ на музичкиот бенд Некст Тајм, составен од атрактивните Мартин и Стефан Филиповски.

Песната носи силна емоција за пријателството, братството и луѓето кои, без разлика на далечината, секогаш остануваат дел од нашите најважни моменти. „Славам“ е емотивна музичка приказна инспирирана од личен момент од животот на Стефан Филиповски. Идејата за песната се родила на неговата свадба, во момент кога Стефан размислувал за значењето на кумството и за тоа колку далечината понекогаш може да ги одвои луѓето од најважните животни настани.

-На самата свадба, поради тоа што мојот кум е Македонец од Австралија, почнав да си мислам што ако, дај Боже, еден ден имам дете и на најубавиот ден во животот, мојот кум не биде во можност да дојде и да биде тука поради оддалеченоста. Таа мисла ми остана и од неа се роди една емоција која подоцна прерасна во песната ‘Славам’“, емотивно раскажува Стефан Филиповски.

Затоа „Славам“ е песна за сите оние луѓе со кои ги делиме најубавите моменти, за пријателите кои ги нарекуваме браќа, за кумовите и за спомените кои остануваат засекогаш. Оваа посебна приказна е засилена со видеоспотот  кој е снимен во прекрасната Тоскана, Италија. Режијата е на Стејди Флоу, кој преку визуелниот концепт ја доловува емоцијата, топлината и атмосферата на песната.

Музиката и аранжманот на „Славам“ се дело на Николче Мицевски, додека текстот го потпишуваат Стефан Филиповски и Марко Маринковиќ – Слаткар. Со новата песна „Славам“, “Некст тајм“ уште еднаш покажуваат дека нивната музика не е само звук, туку приказна, чувство и порака што допира до публиката. Покрај промоцијата на новата песна, “Некст тајм“ интензивно се подготвуваат и за својот голем концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, закажан за 27 ноември оваа година.

До големата концертна вечер, нивната публика и обожаватели можат да очекуваат уште нови музички проекти и изненадувања кои ќе ја надополнат приказната на бендот. Песната и официјалниот видеоспот се достапни на дигиталните платформи и официјалниот Јутјуб канал на “Некст-тајм“.      (Д.М.

ИЗДВОЕНИ