Институт за стандардизација денеска информираше дека согласно Одлуката на Владата, за нов директор на нивната институција избран бил Газменд Алиу за период од четири години.
– Со голема чест и задоволство го поздравуваме стапувањето на функцијата на новиот директор. Во следното поглавје на Институтот, сите заедно очекуваме добра соработка, континуитет во зајакнувањето на нашата улога во општеството и нови успеси во унапредувањето на улогата и важноста на нашата мисија и визија – истакнуваат од ИСРСМ.
Од таму изразија и благодарност до досегашниот директор Џеват Кицара, за кој велат дека несебично работел во промовирање и афирмирање на ИСРСМ.












