вторник, јуни 9, 2026
Дома СКОПСКА Гази Баба доделува субвенции за инвертер клими

Гази Баба доделува субвенции за инвертер клими

13

Општина Гази Баба доделува субвенции за инвертер клими. Станува збор за надомест до 50 % од трошоците за купување, но не повеќе од 20.000 денари.

За таа цел е објавен јавниот повик според кој право на учество имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе набават инвертер клима уред за своето домаќинство во текот на 2026 година.

–Право на субвенција немаат домаќинствата кои имаат приклучок на градско централно греење, без разлика дали го користат или не. Услов е барателот да користи печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и истата да ја предаде на Општината по добиено известување од Комисијата. Инвертерот мора да има најмалку COP 5, да грее на температура до -15°C и да биде најмалку А+ енергетска класа – појаснуваат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека е потребно да се достави комплетна документација, вклучувајќи фискална сметка или фактура, фотографија од постојната печка, нотарски заверена изјава и останатите документи наведени во јавниот повик.

Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Гази Баба, улица „Архимедова“, број 2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

Од Општината ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста за поекономично и поеколошко затоплување на своите домови.

ИЗДВОЕНИ