среда, јули 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Фудбалското игралиште во Василево подготвено за натпреварувачката сезона

Фудбалското игралиште во Василево подготвено за натпреварувачката сезона

10

Со поддршка од Општина Василево и во соработка со ФК „Академија Христов“ и ФК „Василево“, теренот на големото фудбалско игралиште во Василево е целосно уреден и подготвен за натпреварувачката сезона што следува.

– Големото фудбалско игралиште во Василево доби прекрасен, уреден изглед – токму онаков каков што заслужуваат нашите спортисти. Со финансиска и материјална поддршка од Општина Василево и во соработка со ФК „Академија Христов“ и ФК „Василево“, создадовме подобри услови за тренинг и натпревари. Нашата цел е ФК „Василево“ подготвено да ја започне новата натпреварувачка сезона. Продолжуваме да инвестираме во спортот и младите, затоа што тие ја заслужуваат нашата поддршка. Општина Василево ќе остане сигурен партнер на спортистите и спортските клубови – објави градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

Ова активност е во насока на неодамна најавената поддршка за ФК „Василево“ од страна на градоначалникот Андонов за активно враќање на клубот на фудбалските терени.

На средбата со претставниците на ФК „Василево“, одржана пред неполн месец, Андонов најави партнерство на општината со клубот во насока на негово обновување.

– Ќе бидеме партнер на клубот во неговото обновување и развој затоа што спортот е инвестиција во младите и во иднината на нашата општина. Василево заслужува силен и организиран спорт, а ФК „Василево“ заслужува повторно да биде гордост на нашето место, истакна Андонов на средбата со претставниците на ФК „Василево“  –  истакна Андонов.

 

ИЗДВОЕНИ