среда, ноември 11, 2026
Дома МАГАЗИН Расел Бренд доби застрашувачка закана од убиец осуден на доживотна казна: „Се...

Расел Бренд доби застрашувачка закана од убиец осуден на доживотна казна: „Се гледаме наскоро, непослушно момче“

0
Фото: EPA/HERBERT NEUBAUER

Затвореник кој издржува доживотна казна затвор за убиство наводно упатил закана до Расел Бренд, откако актерот и комичар беше прогласен за виновен за силување.

Тернгу Агера, кој издржува доживотна казна затвор за убиство извршено во 2014 година, објавил заматена фотографија – наводно направена во затворска ќелија – придружена со порака упатена до Бренд, пренесува „Пејџ сикс“.

„Расел Бренд, непослушно момче, се гледаме наскоро, синко“, стои во објавата, која наводно била споделена на „Снапчет“ под неговиот рап-псевдоним „Mover“.

Објавата брзо стана вирална, а корисниците на социјалната мрежа „Икс“ дискутираа дали Агера навистина е авторот на пораката.

Некои тврдеа дека затворениците лесно можат да дојдат до мобилни телефони, додека други го критикуваа Агера што привлекува непотребно внимание кон себе.

Еден корисник забележа дека е бесмислено јавно да се објавува дека некој „чека“ некого што воопшто не е во истиот затвор, а чие префрлање таму не е ни потврдено.

Вреди да се напомене дека Агера и претходно се појави во медиумите во 2019 година, откако наводно снимил рап-албум со 10 песни користејќи криумчарен мобилен телефон додека бил зад решетки. Албумот бил кратко време достапен на Spotify, по што бил отстранет.

Адвокатот на Бренд не одговори веднаш на барањето за коментар.

Минатата недела, Расел Бренд (51) беше прогласен за виновен по една точка за силување и три точки за сексуален напад. Во понеделникот, тој беше осуден на вкупно 10 години и шест месеци затвор.

По изрекувањето на пресудата, тој беше испратен во затворот „Вандсворт“ (HMP Wandsworth), каде што – според информациите на Page Six – се очекува да остане „неколку недели“ пред да биде префрлен во друга установа.

Неговата адвокатка, Кели Сахота, објасни дека локацијата на која ќе биде префрлен Бренд ќе зависи од неговите „потреби за безбедност, сигурност и рехабилитација“. Поранешен затвореник кој издржувал казна во „Вандсворт“ претходно изјави за америнаски „Сан9“ (The US Sun) дека Бранд е „човек на кој му се одбројани деновите“ и „цел на која ѝ се заканува опасност“.

„Ако Бранд остане во ’Вандсворт‘, ќе биде во сериозна неволја. Мора да издржи сè додека не биде трајно преместен“, предупреди поранешниот затвореник.

Според „Дејли мејл“ (Daily Mail), Бранд моментално го поминува времето во затвор „читајќи, медитирајќи и молејќи се со часови“.

ИЗДВОЕНИ