четврток, октомври 8, 2026
Дома СВЕТ Француската влада најави првични мерки по неколкудневните студентски протести – ќе ги...

Француската влада најави првични мерки по неколкудневните студентски протести – ќе ги претстави кон крајот на месецот

0
Фото: EPA/FIRAS ABDULLAH

Француската влада кон крајот на месецот ќе претстави првични мерки како одговор на масовните студентски протести; веќе повеќе од една недела учениците и студентите бараат зголемени инвестиции во образованието и подобри услови за настава, изјави Себастиен Лекорну, објави „Ле Монд“.

„Гневот на младите не се појави од никаде. Не можеме да останеме рамнодушни кон тешкотиите што тие ги изразуваат“, им рече Лекорну на граѓаните во телевизиско обраќање.

Тој најави дека владата ќе ги претстави првите конкретни мерки до крајот на месецот како одговор на протестите, кои започнаа кон крајот на септември во едно средно училиште во Париз, а потоа се проширија низ целата земја.

Учениците и студентите укажуваат на недостиг од наставници, дотраени училишни згради и лоши услови за работа. Тие бараат конкретни мерки од владата за подобрување на состојбата во образованието.

За време на протестите одржани низ Франција во вторникот, големите синдикати на наставниците им се придружија на учениците и студентите на улиците.

Иако протестите главно поминаа мирно, на некои локации дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Исто така, се појавија и наводи за полициско насилство.

Лекорну го осуди насилството во вторникот и ги отфрли тврдењата дека владата наредила полициска интервенција против демонстрантите. Во денешното обраќање, тој повтори дека безбедносните сили не добиле наредба да употребат насилство врз демонстрантите.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави дека полицијата повеќе нема да користи шок-бомби на идните протести. Тој додаде дека досега се покренати 18 внатрешни истраги за наводите за несоодветно однесување на полицијата.

 

ИЗДВОЕНИ