Сончевата аналема е онаа убава крива во облик на бројот осум што настанува кога ќе го фотографираш Сонцето секој ден, во исто време, цела година. Боби Кузманоски ја објави прекрасната и уникатна фотографија на својата фејбук- страница. Таа е кулминација на едногодишниот проект за документирање на патеката на Сонцето над нашиот град.
– Сакав да направам своја верзија, но со препознатливата панорама на Скопје во заднина и така да ја создадам првата сончева аналема сликана од македонски автор, на македонска почва – вели Кузманоски.
Прво, планираното време во кое го фотографирал Сонцето цела година било 14:30 часот, но, како што вели, уште на првата сесија, поради технички проблеми, направил фотографија дури во 14:50 часот и тоа станало фиксен термин во текот на целата година
Она што го фотографирал познатиот македонски фотограф од Скопје, Боби Кузманоски, е нешто што никој досега од Македонија не се нафатил да го фотографира или започнал, но не издржал докрај.
Тоа е фотографија од сончевата аналема, онаа убава крива во облик на бројот осум што настанува кога ќе го фотографираш Сонцето секој ден, во исто време, цела година. Тој ја објави прекрасната и уникатна фотографија на својата фејбук-страница. Таа е кулминација на едногодишниот проект за документирање на патеката на Сонцето над нашиот град.
– Сакав да направам своја верзија, но со препознатливата панорама на Скопје во заднина и така да ја создадам првата сончева аналема сликана од македонски автор, на македонска почва – вели Кузманоски.
Прво, планираното време во кое го фотографирал Сонцето цела година било 14:30 часот, но, како што вели тој, уште на првата сесија, поради технички проблеми, направил фотографија дури во 14:50 часот и тоа станало фиксен термин во текот на целата година.
Кузмановски раскажува дека проектот барал дисциплина и трпеливост. Поради работните обврски, најлесно му било да фотографира во текот на викендите. Еднаш неделно се качувал на покривот од зградата во која живее, во близина на ТЦ „Капитол мол“ во населбата Аеродром и го фотографирал Сонцето во наведеното време.
– Временските услови во голема мера ми беа во пресрет. При делумна облачност, магла или тенки слоеви на проѕирни облаци, сепак фотографирав, бидејќи ми требаше само точната позиција на Сонцето на небото, а не остра или совршено направена фотографија. Само три пати облачноста беше толку густа што беше невозможно фотографирањето. Тие три позиции се претставени на финалната фотографија, преку Сонце со послаб интензитет – објаснува Кузманоски.
Тој наведува дека било потребно приспособување при преминот од летно на зимско сметање на времето.
– Сонцето не го следи нашето поместување на часовникот, туку се движи според универзалното време (UT) и не знае дека ние ги поместивме стрелките за еден час. Па така јас го поместив фотографирањето за еден час и наместо во 14:50 сликав во 13:50. Така останував во чекор со Сонцето, а не со часовникот. Во март, кога се вративме на летно сметање на времето, сликањето се врати во 14:50 – нагласува Кузманоски.
За весникот ВЕЧЕР, тој истакна дека долго време се занимава со астрофотографија и покрај маглини, галаксии, прави и фотографии од Сонцето и од Месечината – пејзажна астрофотографија.
– Идеите што ги реализирам се базираат на тоа колку се тешки и комплицирани за фотографирање и, нормално, дали веќе има таква. Исто така, кога креирам фотографија, сакам да биде вклучен дел од градот Скопје. Нели, сакаме да покажеме дека фотографијата е направена кај нас? – изјави Кузманоски.
Тој најави дека покрај аналемата, која ја завршил минатиов викенд, работи на уште еден долгорочен проект во врска со Сонцето, кој ќе биде финализиран кон крајот на мај.
(А. П.)











