Најмалку 20 лица се повредени кога патнички воз излетал од шините во близина на полскиот град Лублин, соопшти Полската државна противпожарна служба. Според ТВП Ворлд, едно лице загинало. „Во селото Соколники Сухе, камион се судрил со воз од Интерсити што сообраќал од Шчеќин до Лублин“, се вели во соопштението.
Во соопштението се вели дека сите вагони и локомотивата излетале од шините.
„Во возот имало околу 120 лица, од кои 20 се повредени. Неколку хеликоптери на брза помош слетале на местото на инцидентот“, се вели во соопштението.
ТВП соопшти дека четири од 20-те лица се тешко повредени, а едно лице кое било меѓу седумте лица хоспитализирани по инцидентот починало. Според ДПА, една жена починала.
Противпожарната служба соопшти дека машиновозачот и возачот на камионот претрпеле најтешки повреди.












