недела, јули 26, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Форд“ повлекува половина милион возила во САД поради опасност од пожар

„Форд“ повлекува половина милион возила во САД поради опасност од пожар

0
Ова го соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Повлекувањето се однесува на возила кај кои заштитата на снопот за електрични кабли во моторниот простор не е доволна, поради што може да дојде до абење на изолацијата, краток спој и зголемен ризик од избувнување пожар, пренесе „Ројтерс“.

 

Возачите, при евентуален пожар, би можеле да забележат чад кој влегува низ вентилациските отвори или предупредување на инструмент таблата, додека пламенот, доколку дојде до него, најчесто се јавува на совозачката страна од мотрониот простор.
„Форд“ соопшти дека овластените сервиси за бесплатно ќе вградат дополнителна заштитан облога и лента отпорна на ‘абење на инсталацијата на каблите за да се отстрани проблемот.
Според доставните информации, досега не се пријавени повреди или сообраќајни несреќи поврзани со овој дефект.

ИЗДВОЕНИ