недела, јуни 28, 2026
Дома БАЛКАН „Фламинго револуција“ во Албанија: Локален протест прераснува во национално движење?

„Фламинго револуција“ во Албанија: Локален протест прераснува во национално движење?

104
EPA/Alexandros Beltes

Повеќе од три недели, Албанија е зафатена од секојдневни протести кои прераснаа во најголемото движење на граѓанското општество во земјата по падот на комунизмот. Демонстрациите, познати како „Фламинго револуција“, започнаа поради планираната изградба на луксузен туристички комплекс во заштитената крајбрежна област Звернец, но брзо се претворија во поширок израз на незадоволство од политичката ситуација и начинот на кој се води земјата.

Премиерот Еди Рама ги отфрла тврдењата дека протестите се резултат на внатрешни политички проблеми. Наместо тоа, тој тврди дека Албанија е погодена од „хибридна војна“, во која социјалните медиуми и странските актери манипулираат со јавното мислење.

Од особен интерес е фактот дека проектот е поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, кој планира да изгради луксузен туристички комплекс во Звернец.

Јонила Годоле, експерт за политичка комуникација и колективна меморија на Универзитетот во Тирана, вели дека владата повторува шема карактеристична за комунистичкиот период, кога сите форми на несогласување беа претставени како резултат на дејствијата на странските непријатели, пишува Дојче Веле.

„Кога граѓанскиот протест се претставува како ирански, антиизраелски или дело на противниците на Трамп, вниманието се пренасочува од барањата на демонстрантите кон наводните организатори на протестите“, изјави Годоле за Дојче Веле.

Според неа, владата сè уште ја користи реториката на надворешен непријател кога се соочува со сериозен внатрешен притисок, но таквата порака повеќе нема ист ефект, особено кај помладите генерации.

Многумина веруваат дека клучниот момент бил на 30 мај, кога приватно обезбедување влечело демонстрант на плажата во Звернац пред камери и во присуство на полицијата. Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи и го претворила еколошкиот протест во национална дебата за односот на државата со граѓаните, владеењето на правото и конфликтот меѓу приватните и јавните интереси.

Протестите го привлекоа и вниманието на Европската Унија. Во својата последна резолуција за напредокот на Албанија, Европскиот парламент изрази сериозна загриженост за развојот на настаните во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта и повика на итен мораториум за издавање нови дозволи и градење во заштитени подрачја.

ИЗДВОЕНИ