недела, јуни 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Оптимистички прогнози од УХМР – доаѓа заладување

Оптимистички прогнози од УХМР – доаѓа заладување

58

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Според најновата прогноза, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека во попладневните часови во вторник времето ќе се смени.

„Од вторник од попладневните часови, времето ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен вдолж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h“, велат од УХМР.

Максималната дневна температура денеска се очекува да се искачи до 38 степени.

ИЗДВОЕНИ