петок, јуни 19, 2026
Дома СКОПСКА Фитнес-зони во три училишта во Карпош, наредната година уште во седум

Фитнес-зони во три училишта во Карпош, наредната година уште во седум

14

Општина Карпош продолжува со вложувањето во модернизација на училишната инфраструктура и со создавањето простори што ги поттикнуваат здравиот развој, физичката активност и активниот начин на живот кај најмладите.

Во три основни училишта, „Војдан Чернодрински“, „Вера Циривири-Трена“ и „Аврам Писевски“, веќе се поставени нови фитнес-зони, опремени со безбедни реквизити за вежбање на отворено.

Од Општина Карпош велат дека зоните се наменети за развој на физичките способности кај учениците и за создавање навики за повеќе движење и рекреација.

Средствата за реализација на оваа активност се предвидени во годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектите е компанијата „Мегаспорт“ од Скопје.

Општинските власти најавуваат дека следната година ќе продолжат со поставувањето фитнес-зони и во другите седум општински основни училишта.

ИЗДВОЕНИ