Австриската двојка Јан Херл/Даниел Чофениг славеше во Светскиот куп во скијачки скокови што се одржа во Лахти, Финска. По шест трки, австриското дуо на крајот победи со вкупно 858,6 бода.

Словенците и тандемот Анже Ланишек – Домен Превц се пласираа на второто место со 836,8 поени, додека третото место на подиумот им припадна на Финците, кои сензационално дојдоа до подиумот по пауза од 12 години.

Дуото Нико Китосахо – Анти Алто им го донесе на Финците третото место и вкупно 805,3 бода и за него ова е првиот подиум во кариерата.

Финска, која е светска сила во скијачки скокови, со години е во тешка ситуација во овој спорт. Нејзините славни денови се далеку и во наредните сезони ќе видиме дали овој подиум од Лахти ќе биде ветер во грб за неа.

ИЗДВОЕНИ