ПСЖ и Интер ќе играат во денешното финале во Лигата на шампионите, меч кој ќе се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен со почеток во 21 часот.

Парижани ќе се обидат да го освојат својот прв трофеј во историјата и да ја комплетираат „тројната круна“, додека Интер, по неуспехот на домашната сцена, сакаат да ја „спасат сезоната“.

ПСЖ се бори за својот прв европски шампионски трофеј во Баварија, додека Интер три пати го крена трофејот наменет за победникот на Лигата на шампионите.

ПСЖ досега го играше своето единствено финале на Лигата на шампионите пред пет години, кога беше поразен од Баерн Минхен (0:1). Интер ја освои последната титула европски шампион во 2010 година, а пред две години беа поразени во финалето од Манчестер Сити (0:1).

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја освои Лигата на шампионите пред 10 години со Барселона, исто така во Германија, но во Берлин против Јувентус.

Шпанецот на прес-конференција изјави дека пишувањето клупска историја е неговата најголема мотивација пред финалето.

  • Сакам да напишам историја во Париз. Да донесам радост во земјата, градот, клубот. Да бидам првиот што ќе може да го направи тоа е извонредно. Многу сум среќен што можам да уживам во овој натпревар. Ќе дадеме сè од себе, рече Луис Енрике.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, кој го загуби финалето од Манчестер Сити во Истанбул со Интер пред две години, верува дека шансите се 50:50.

  • Финалето од пред две години може да ни помогне, пред сè, во подготовките. Пред две години, луѓето предвидуваа дека Манчестер Сити ќе нè прегази, но не беше така, заслуживме најмалку продолженија, нагласи Инзаги.

 

ИЗДВОЕНИ