Годинава за престижната „Златна палма“, која ќе биде доделена на 23 мај, ќе се натпреваруваат вкупно 22 филмски остварувања, а стартот го означи премиерата на француската комедија „Електричниот бакнеж“ во режија на Пјер Салвадори. На отворањето на фестивалот, на новозеландскиот режисер Питер Џексон, автор на трилогијата „Господар на прстените“, му беше доделена почесната „Златна палма“. Наградата му ја врачи актерот Елајџа Вуд, кој го играше Фродо Багинс во филмовите

 

„Филмот отсекогаш бил чин на отпор“, а „уметноста ги надминува јазиците, културите и генерациите и зборува за она што сите го споделуваме, за човечките емоции“. Со овие пораки на актерките Џејн Фонда и Гонг Ли за улогата на филмот како форма на општествено изразување, завчеравечер беше отворено 79. издание на Канскиот филмски фестивал. Актерката Ај Хајдара, пак, потсети на познатите зборови на Жан-Лик Годар: „Ние не правиме филмови за да бидеме внимателни“, оддавајќи им почит на оние што прават филмови што избегнуваме да ги гледаме.

 Актерките Џејн Фонда и Гонг Ли

Годинава за престижната „Златна палма“, која ќе биде доделена на 23 мај, ќе се натпреваруваат вкупно 22 филмски остварувања, а стартот го означи премиерата на француската комедија „Електричниот бакнеж“ во режија на Пјер Салвадори.

На отворањето на фестивалот, на новозеландскиот режисер Питер Џексон, автор на трилогијата „Господар на прстените“, му беше доделена почесната „Златна палма“. Наградата му ја врачи актерот Елајџа Вуд, кој го играше Фродо Багинс во филмовите.– Никогаш не разбрав зошто ја добивам „Златната палма“. Не сум навистина тип што ја добива „Златната палма“ – кажа Џексон на доделувањето, а потоа беше изведена песната на „Битлси“ „Get Back“, алузија на неговиот документарец од 2021 година.

режисер Питер Џексон 

Во текот на презентацијата на жирито, некои членови зборуваа за актуелните глобални конфликти и за улогата на уметноста во политички контекст, додека претседателот на жирито, Парк Чан Вук, рече дека уметноста и политиката не се контрадикторни и дека политичките пораки не дисквалификуваат филм.

– Не можете да дисквалификувате филм под изговор дека има политичка порака. Исто како што не можете да отфрлите филм затоа што не е доволно политички –рече тој.

Шкотскиот сценарист Пол Лаверти, познат по соработката со режисерот Кен Лоуч, се осврна на војната во Газа и го критикуваше ставот на Холивуд кон актерите што јавно ги искажаа своите ставови за ова прашање. Гиљермо дел Торо, пак, се врати во Кан 20 години по премиерата на „Пановиот лавиринт“. Тој ја претстави својата 4K-реставрација и рече дека филмот е порелевантен денес од кога било, бидејќи времето во кое живееме им кажува на луѓето дека е залудно да се спротивставуваат.

Жири на Канскиот фествал
 Жирито на Канскиот фестивал

Инаку, во жирито што одлучува за наградата се и: Клое Жао, Стелан Скарсгард, Рут Нега и Деми Мур, која беше прославена во Кан пред две години, за својата повратничка изведба во филмот „Супстанција“.

Канскиот филмски фестивал годинава ќе прикаже програма во која публиката ќе проследи нови дела од некои од најпочитуваните автори на уметничките филмови во светот, Педро Алмодовар, Асгар Фархади, Павел Павликовски, Кристијан Мунџиу, но без ниту еден филм од големо американско студио. По ланското издание на кое имаше силно холивудско присуство, годинава Ира Сакс ќе го претстави музичкиот фантастичен филм „Човекот што го сакам“, во кој глуми Рами Малек, додека Џејмс Греј доаѓа со „Хартиен тигар“, во кој глумат Скарлет Јохансон и Адам Драјвер. Надвор од конкуренција, Џон Траволта ќе има режисерско деби со „Пропелер: Еднонасочен ноќен лет“, проект роден од љубовна врска со авијацијата, додека Енди Гарсија режира и глуми во крими-драмата „Дијамант“.

Оваа година, двократниот добитник на „Оскар“, Фархади, се враќа со драмата „Паралелни приказни“ снимена во Париз, во која главните улоги ги играат Изабел Ипер, Катрин Денев и Винсент Касел. Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ја брка својата прва „Златна палма“ со „Горчлива божиќна приказна“, за жена чиј партнер ја напушта во текот на празниците. Рускиот режисер Андреј Звјагинцев се враќа на Кроазета со „Минотаур“, за бизнисмен чиј свет се урива. Павел Павликовски го претставува „Татковина“, биографска приказна за Томас Ман, во која главните улоги ги играат Ханс Цишлер и Сандра Хилер. Белгискиот режисер Лукас Донт го гради успехот со својот нов филм „Кукавица“, сместен во рововите на Првата светска војна. Ласло Немес доаѓа со „Мулен“, снимен во Франција окупирана од нацистите, каде што германската ѕвезда Ларс Ајденгер го игра Клаус Барби, познат како Крвавиот Крал на Лион. Кристијан Мунџу, добитник на „Златна палма“ за „4 месеци, 3 недели, 2 дена“, го сними својот прв филм на англиски јазик, „Фјорд“, драма за двојка чиј нов живот во Норвешка се претвора во разочарување. Германската режисерка Валека Гризбах, пак, учествува во главната конкуренција со „Авантура од соништата“. Програмата вклучува и дела од Рјусуке Хамагучи и Хироказу Коре Еда, како и трилерот „Надеж“ на На Хонг Џин. Трката за „Златната палма“ започнa со првите проекции, вклучувајќи ги и „Неколку дена во Наги“ од јапонскиот режисер Коџи Фукада и „Животот на една жена“ од Шарлин Буржоа-Таке… (Д.Т .)  Фото: ЕПА/ЕФЕ

Ѕвездите блеснаа на црвениот килим

И годинава големо внимание првивлече црвениот килим на кој беше претставен целиот гламур на овој престижен европски и светски настан. Меѓу најистакнатите беа ѕвездата од „Емили во Париз“, Филипин Лерој-Болје, во проѕирна виолетова тоалета од „Сен Лоран“ од Ентони Вакарело и Деми Мур во блескава креација од „Жакемус“.

Хајди Клум
Маја Абоул Хосн
Ферхана Боди
Филипин Лерој-Болје
 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ