Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) потврди дека тимот на Мекларен не ги прекршил техничките прописи на Формула 1, со користење на течност за ладење на гумите за време на Големата награда на Мајами, објави „Скај спортс“.

Пред Големата награда на Емилија Ромања, овој викенд, ФИА објави извештај од техничкиот делегат од претходната трка одржана на 4 мај во Мајами, во кој се наведува дека болидот со број 81, управуван од лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри, бил избран по случаен избор од десетте најдобри болиди за дополнителен технички преглед.

  • По трката во Мајами, болидот со број 81 беше случајно избран од првите десет за подетален технички преглед. Предмет на прегледот беа компонентите на каросеријата околу тркалата. Беа извршени проверки на сите делови за да се обезбеди усогласеност со член 3.13 од техничките прописи, како и физички проверки на сите четири тркала за да се обезбеди усогласеност со член 11.5, се вели во соопштението на ФИА.

ФИА потврди дека сите проверени делови се во согласност со техничките прописи на Формула 1 за 2025 година.

Член 3.13 се однесува на каросеријата на тркалото, додека член 11.5 изрично забранува употреба на течност за ладење на сопирачките.

Во истиот извештај се наведува дека болидот „Ферари“ на Шарл Леклер бил исто така предмет на проверки и дека не е пронајдено ништо спорно.

ИЗДВОЕНИ