четврток, јули 9, 2026
Дома БАЛКАН Европа зафатена од првиот топлотен бран годинава: Македонија спасена од екстремни горештини

Европа зафатена од првиот топлотен бран годинава: Македонија спасена од екстремни горештини

136

Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени.

Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа.

Како што претходно кажав и најавив овој топол бран во голем дел од Европа ќе се задржи и во следните денови.

Кај нас во Македонија температурите ќе бидат далеку пониски и попријатни, иако и кај нас температурите во следните неколку денови ќе бележат тенденција на пораст, но како што кажав, многу високи температури кај нас во Македонија нема да има.

ИЗДВОЕНИ