четврток, јули 9, 2026
Дома СВЕТ Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН по масовиот...

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН по масовиот напад врз Киев со „Орешник“

49
EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по руските воздушни напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападите што ги изврши Русија загинати се четири лица и околу 100 се повредени, а причинета е и голема материјална штета.

Рускиот претседател Владимир Путин ги реализираше најавите дека ќе возврати откако Украина нападна студентски дом во Старобилск во Луганската област, обвинувајќи ја за напад врз цивили.

Русија реализираше комбиниран напад со ракети меѓу кои и орешник и беспилотни летала во текот на ноќта на 24 мај. Нападот главно беше насочен кон Киев и околниот регион.

ИЗДВОЕНИ