петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Европа ја чека тешко лето поради кризата во Иран

Европа ја чека тешко лето поради кризата во Иран

144
EPA/NEIL HALL

Комесарот за енергетика на ЕУ, Ден Јоргенсен, изјави денеска дека Европа, дури и во најдобар случај, се соочува со „тешко лето“ поради недостигот на гориво предизвикан од војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец. Тој во Мадрид изјави дека Европската унија подготвува мерки за ублажување на влијанието на војната врз снабдувањето со гориво за авиони, објави Ројтерс.

„Доколку е потребно, можеме да ги прераспределиме ресурсите на гориво за авиони што ги имаме“, им рече Јоргенсен на новинарите. Европските авиокомпании веќе предупредија дека војната во Иран може да доведе до недостиг на гориво за авиони во рок од неколку недели, бидејќи главната рута за снабдување низ Ормускиот теснец е блокирана.

Околу 75 проценти од снабдувањето со гориво за авиони во Европа доаѓа од Блискиот Исток. Прекинот на глобалните снабдување со нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денес Европската федерација за транспорт и животна средина (T&E).

Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на гориво по патник за 88 евра на летови на долги релации од Европа и 29 евра на летови во рамките на Европа, соопшти T&E, пренесе Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ