Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење. За да провери дали ова е навистина вистина, Џош Ларкин, популарен Јутјубер од каналот „The Burnt Chip“, отпатува во најголемиот град во оваа земја, главното морско пристаниште и финансиски центар – Карачи.
Во Карачи, тој размени една британска фунта, околу 1,2 евра, за 400 пакистански рупии и се обиде да сфати што може да купи за таа сума за еден ден. Ги сними своите искуства со камера и го објави видеото на Јутјуб, каде што досега го гледаа речиси 4 милиони луѓе.
На почетокот на денот, Џош Ларкин се освежи со традиционалниот пакистански пијалок дудт, кој се прави од млеко, шеќер, мраз и улична сода, за само 30 рупии.
За ручек, јадеше биријани, зачинето јадење направено со ориз, компири и пилешко, а потоа пиеше Пепси за само 30 центи. За вечера, уживаше во морска храна за која потроши приближно иста сума.
Во Карачи, тој пробал да јава камила, се возел на тук-тук и гледал танц на отровни змии на звукот на флејти. Платил само три центи за билет за автобус.
Додека шетал низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е барем пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.
Што Џош Ларкин видел, доживеал и пробал во Карачи за малку повеќе од едно евро во најевтината земја за живеење, погледнете во неговото видео:












