Олимпискиот комитет на Северна Македонија на совршен начин организираше уште еден „Олимписки пикник“ – настан посветен на промоција на олимпизмот, здравите навики и меѓународното пријателство.

Настанот се одржа до тениските терени во рамки на СЦ „Јне Сандански“ и беше замислен како неформално дружење на отворено, пикник кој понуди пријатна атмосфера надополнета со музика, освежување и разни рекреативни активности.

Гостите на овој прекрасен настан споделија позитивна енергија заедно со нашите врвни олимпијци, спортски работници, како и претставниците на дипломатскиот кор.















