петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН ЕУ не сака да ѝ исплати средства на Србија пред да исполни...

ЕУ не сака да ѝ исплати средства на Србија пред да исполни низа услови

336
Фото:википедија

Европската комисија сака да види како ќе реагира Србија на извештајот на Венецијанската комисија за измените на правосудните закони пред одлуката за исплата на евроски средства во рамките на Планот за раст.

„Во моментот проценуваме дали Србија и понатаму ги исполнува условите за плаќање во рамките на европските финансиски инструменти. Сега ќе чекаме да видиме да видим дали Србија ќе реагира на извештајот на Венецијанската комисија за измените на правосудните закони и јасно е дека ќе очекуваме Србија стопроцентно да го исполни она што ќе го каже Венецијанската комисија“, изјави изјави комесарката за проширување Марта Кос во дебата во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Кос истакна дека Комисијата е „се позагрижена“ поради она што се случува во Србија, меѓу останатото, и поради изменатана законите кои ја подриваат независноста на правосудството, репресиите врз демонстрантите и загрозувањето на независноста на медиумите како и неусогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

ИЗДВОЕНИ