недела, јуни 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Есенско сценарио од средина на јуни“: Балканот и Македонија под голема температурна...

„Есенско сценарио од средина на јуни“: Балканот и Македонија под голема температурна аномалија?

0

Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни, најавува Славчо Попоски.

Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.

Голема негативна температурна аномалија и едноцифрени максимални температури ширум Балканот и во делови од Македонија од 13 Јуни 2026, секако сѐ е ова неофицијално и многу убаво ќе биде да не се случи поради тоа што навистина на Балканот и во средината на Јуни 2026 ќе му биде потребно греење во домовите ако се случи ова сценарио, а се надевам дека нема да се случи и несакам истото ни малку да се случи, вели Попоски.

ИЗДВОЕНИ