Договорот за размена на 1.000 за 1.000 затвореници беше постигнат на првите разговори меѓу Русија и Украина по три години минатата недела во Истанбул.
Во согласност со договорите во Истанбул, од 23 мај до денеска руската и украинската страна разменија 1.000 за 1.000 затвореници.
Првата фаза од размената се одржа во петокот, а во Русија се вратени 270 војници и 120 цивили, меѓу кои и цивили од областа Курск заробени од украинските вооружени сили, пренесува РИА Новости.

Во замена, на украинската страна и беа предадени 270 борци на украинските вооружени сили и 120 цивили.
Втората фаза се одржа еден ден подоцна: 307 руски војници се вратија во Русија, а исто толку украински воени затвореници беа предадени на Киев.