Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 235, додека повеќе од 4.300 се побредени. Според податоците од веб-страницата што ги регистрира исчезнатите лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, објавува Скај њуз.
Спасувачките екипи и натаму работат непрекинато во урнатите делови на Каракас и крајбрежниот град Ла Гуаира, каде што под урнатините и понатаму се слушаат повици за помош.
🇻🇪 This is Catia La Mar, Venezuela, destroyed after yesterday’s powerful earthquakes.
Source: @TabzLIVE / Writer: Oliver https://t.co/aBT9udGupz pic.twitter.com/0X5mUbGxkf
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) June 25, 2026
Земјотресот го оштети и главниот аеродром во Венецуела, кој е затворен, додека жителите на некои населби се евакуирани и во соседниот Бразил.
Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела во средата вечерта. Во земјата е прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај, како и наставата во училиштата, се прекинати.
Во едно од многуте видеа на социјалните мрежи на кои се прикажани последиците од овој трагичен настан, е снимена сцена што влева надеж во толку мрачен ден за народот на Венецуела. Имено, видеото покажува како спасувачите внимателно извлекуваат бебе од урната зграда, додека во позадина се слуша нејзиниот плач и нивната радост.
🇻🇪 A child has been rescued from beneath the rubble in Venezuela after the devastating earthquakes.
May everyone still missing be found safe. 🙏
Writer: Daniyalpic.twitter.com/KnOCGyC5if https://t.co/7spVpJTISE
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) June 25, 2026
Повеќе од 25.000 луѓе се водат како исчезнати. Оваа бројка не е официјална бројка за бројот на исчезнати лица, туку ја отсликува хаотичната ситуација на терен додека семејствата се обидуваат да стапат во контакт со своите најблиски, според британската телевизија. Семејствата споделија и фотографии од луѓе со кои сè уште не можеле да стапат во контакт.












