Песната има и прекрасен видео спот снимен на едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија – во Стоби. Посебно треба да се истакне дека додека го гледате спотот, нема да можете да се воздржите од силниот наплив на емоции. Во спотот синовите на Елена, се дел од оваа приказна.
Одличната Елена Андоновска деновиве ја претставува својата нова песна „Синови македонски“, музичка приказна посветена на љубовта кон татковина Македонија, нашата традицијата и најголемото богатство на секоја мајка – нејзините деца. Пред да излезе на виделина оваа убава песна, талентираната и секогаш разубавената Елена одржа незаборавен концерт “Од Македонија во туѓина“ пред неколку дена во Охрид на сцената на култниот Антички театар. Репертоарот беше исполнет со песните кои на времето ги пееше славната Васка Илиева, амбасадорка на македонската народна песна.
Новата песна со Елена има и прекрасен видео спот снимен на едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија – во Стоби. Тоа е простор кој со својата историја и автентичност ѝ дава посебна симболика и визуелна сила на целата оваа музичка приказна. Посебно треба да се истакне дека додека го гледате спотот, нема да можете да се воздржите од силниот наплив на емоции. Во спотот синовите на Елена Андоновска, се дел од приказната. Преку нивното присуство дополнително е нагласена личната и мајчинската порака на песната.
Музиката, текстот и аранжманот се на Златко Миладиноски (братот на Влатко), додека музички продуцент е Ангел Ќосев. Во музичката реализација учествуваат и Илија Филиповски на виолина, Златко Миладиноски на кавал и тамбура, Марјан Андоновски на тапан и Марио Божиноски на гитара. Видео продукцијата ја потпишува продукцијата Moonlight. Продуцент и сценарист е Марјан Андоновски, кој воедно е и режисер.Ддиректор на фотографија е Дарко Елек, а асистенти на камера се Андреј Неделковски и Деан Младеновски. Со дрон снимаше Дуле Јанев, додека режијата и монтажата се на Димитар Сеизов.
Треба да се пофали секако и прекрасниот физички изглед на Елена. За тој визуелниот дел на Елена задолжена беше модната куќа Елена Лука. Се на се, новата песна „Синови Македонски“ и те како ќе го збогати нејзиниот репертоар. Тоа е песна која ја спојува традицијата со личната приказна. Дефинитивно, преку музиката ја пренесува љубовта кон најсветото – кон семејството и кон македонските корени.
Дуле Миќиќ












