среда, јуни 24, 2026
Дома СВЕТ Екстремните жештини го менуваат работниот ритам на Европејците

Екстремните жештини го менуваат работниот ритам на Европејците

79
epa10752205 Visitors to the World War II Memorial cool off by the memorial's pool during hot, humid weather in Washington, DC, USA, 17 July 2023. With a historic heat wave gripping much of Europe and the US, Washington DC is experiencing temperatures in the 90s with a heat index of 95 degrees Fahrenheit (35 Celsius). EPA/JIM LO SCALZO

ДХЛ ги опреми работниците за доставување со „разладни кутии“ што содржат крпи за ладење за повеќекратна употреба, нараквици за ладење што се активираат со вода и со УВ-заштита за вратот, градежниците почнуваат со работа порано, во силосите во Франција се организираат ноќни смени за прием на жито, училиштата во повеќе области се затворени, Мадрид ја шири мрежата на климатски засолништа, најголемиот европски оператор на енергетски мрежи, E.OН, постави павилјони за одмор на работниците во сенка. Но, некои профитираат од екстремните јунски жештини, како, на пример, британскиот трговец со електрични апарати „Карис“, чија продажба на вентилатори за една недела се зголеми за речиси 3.000 проценти, а на клима-уреди за 330 проценти

Додека се соочува Европа со топлотен бран и со температури над 40 Целзиусови степени, компаниите се борат да ги заштитат работниците, да ги одржат бизнисите во функција и да го искористат порастот на побарувачката за сè што би можело да донесе олеснување.

Во Германија, логистичкиот гигант ДХЛ ги опреми работниците за доставување со „разладни кутии“ што содржат крпи за ладење за повеќекратна употреба, нараквици за ладење што се активираат со вода и со УВ- заштита за вратот, бидејќи повеќе од 111.000 поштенски работници продолжуваат со своите маршрути по жештината, објавува „Ројтерс“.
Градежните компании го менуваат работното време, па работата почнува порано и завршува пред најжешкиот дел од денот, додека трговците на мало се борат да ја задоволат побарувачката за вентилатори и за преносни клима-уреди. Германското централно здружение на градежната индустрија соопшти дека екипите за изградба на патишта и работниците на отворено се најизложени на ризиците поврзани со екстремната топлина.

„Тисенкруп стил Јуроп“, вториот најголем производител на челик на континентот, нуди дополнителни количества вода и овошје во погоните со високи печки, челичарници и валалници, каде што температурите на кои се изложени работниците може да се искачат до повеќе од 45 Целзиусови степени дури и без топлотен бран.
Француското здружение на земјоделски задруги соопшти дека некои силоси организираат ноќни смени за прием на жито, бидејќи локалните власти ја забранија попладневната жетва за да го намалат ризикот од пожар.
E.OН, најголемиот европски оператор на енергетски мрежи, постави павилјони во својата подружница Бајернверк за да може вработените да се одморат во сенка. Компанијата соопшти дека високите температури се, исто така, предизвик за управувањето со електричната мрежа, иако во некои случаи зголемената потрошувачка на електрична енергија за климатизација би можела да се компензира со поголемо производство на сончева енергија.
Училиштата во одредени региони во Европа се затворени или го приспособија својот распоред за настава, додека подалеку на север и во делови од Велика Британија се подготвуваат за можни рекордни јунски температури.
Јужна Европа е особено ранлива и јавните власти се принудени да реагираат. Мадрид ја прошири мрежата на „климатски засолништа“, дизајнирани да им дадат на ранливите жители одмор од топлината. Други презедоа мерки за ладење на сопствените домови, но тоа си има цена. Џандри, 28-годишен водоводџија во шпанската престолнина, рече дека спие со вклучен клима-уред цела ноќ.

– Ќе ја видите сметката. Ќе биде голема – рече тој.

Жештината на некои им донесе профит. Британскиот продавач на електрични апарати „Карис“ соопшти дека е зголемена продажбата на вентилатори за речиси 3.000 проценти во однос на претходниот викенд пред најновиот топлотен бран, додека продажбата на клима-уреди е зголемена за 330 проценти. „Ројтерс“ наведува дека тоа нагло зголемување укажува на поширока промена на континентот, кој историски бил помалку зависен од климатизацијата отколку регионите како Северна Америка, каде што е вообичаено тоа. Но, додека им расте профитот на некои, повеќето луѓе се соочуваат со несакани трошоци поради суши, поплави и топлотни бранови, за кои е зголемена веројатноста поради климатските промени.

Студија од 2025 година, изработена од Универзитетот во Манхајм и од економистите на Европската централна банка, покажа дека екстремните временски настани би можеле да ја чинат Европската Унија околу 126 милијарди евра до 2029 година. Од сите континенти, Европа претрпи најбрз пораст на температурите, што научниците им го припишуваат на климатските промени предизвикани од човекот. Според податоците од климатскиот монитор на „Ројтерс“, во понеделникот Европа била континент со најголемо отстапување од историскиот просек на температурата.

ИЗДВОЕНИ