четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА Екоакција за чисто Водно

Екоакција за чисто Водно

1

Колку пати сте избегале на Водно за свеж воздух, прошетка или возење велосипед? Сега е време да ѝ се заблагодариме на природата.

Со овие зборови „Екологик“ ги повикува граѓаните да ѝ се придружат на екоакцијата „Green Wheelers“, во рамките на која ќе се чисти патот кон Средно Водно. Акцијата ќе се одржи на 8 јули 2026 година, со почеток во 7:30 часот. Собирното место е пред полициската станица Водно.

– Секој придонес е важен. Акцијата е отворена за сите граѓани. Понесете добра волја, а ние ќе се погрижиме за другото – потенцираат од „Екологик“.

Акцијата се реализира во рамките на проектот „Eco Pulse/ Green Outdoor Sports“.

 

ИЗДВОЕНИ