четврток, јули 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: Наместо 5.000 денари, пензионерите добија линеарно зголемување од 7.000 денари

Мицкоски: Наместо 5.000 денари, пензионерите добија линеарно зголемување од 7.000 денари

23
????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата го исполнила и надминала изборното ветување за зголемување на пензиите, посочувајќи дека наместо најавените 5.000 денари, пензионерите добиле линеарно зголемување од 7.000 денари.

Мицкоски рече дека оваа мерка придонела за подобрување на животниот стандард на пензионерите.

„Кога бевме опозиција ветивме дека ќе направиме сè што можеме да обезбедиме линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понатаму и обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека во семејствата каде што има двајца пензионери, тоа значи дополнителни 14.000 денари месечно, што, според него, придонесува за подостоинствен живот.

Премиерот додаде дека решението за линеарното зголемување на пензиите е оспорено пред Уставниот суд, при што обвини дека иницијативите ги поднеле лица блиски до опозицијата.

„Порано пензиите се зголемуваа за 10, 15 или 20 денари, а сега со овие 7.000 денари по пензионер успеавме, колку-толку, да ги ублажиме предизвиците со кои се соочуваат“, рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ