Порано денес беше објавено дека е поставена бомба во „Палацо Киџи“, седиштето на италијанскиот премиер, за која се покажа дека е лажна.
Пријавено е дека е поставена бомба во зграда на „Виа дела Скрофа“ во Рим, каде што се наоѓаат седиштето на владејачката партија „Браќа на Италија“, канцелариите на Фондацијата Национален сојуз и редакцијата на весникот „Секулио д’Италија“, по што зградата е евакуирана, јавува „Анса“.
Екипи за контрасаботажа ја пребаруваат зградата, со помош на кучиња трагачи, а се пребаруваат и канцелариите на партијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Додека се пребарува зградата, околните улици се затворени за сообраќај и пешаци, јавува „Танјуг“.
Порано денес беше објавено дека е поставена бомба во „Палацо Киџи“, седиштето на италијанскиот премиер, за која се покажа дека е лажна.












